ТРЕТИОТ БЛОК ВО РЕК БИТОЛА ВЕЌЕ ЧЕТИРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ, ПОВТОРНО СЕ УВЕЗУВА СТРУЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРЕТИОТ БЛОК ВО РЕК БИТОЛА ВЕЌЕ ЧЕТИРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ, ПОВТОРНО СЕ УВЕЗУВА СТРУЈА

    Четврт ден како електро-енергетскиот стожер на Македонија РЕК „Битола“ продолжува да работи со една третина помалку од својот капацитет. Надвор од производство се уште е третиот блок кој поради дефект на цевка во саботата беше ставен вон функција. Од ЕЛЕМ преку писмено соопштение ја информираа јавноста дека забележано е повторно напукнување на цевка, па неопходен е нов зафат поради што блокот ќе биде ставен во функција најдоцна за 72 часа.

    „Техничкиот зафат во термоелектраната „Битола 3“  на кој од саботата наутро интензивно работеа стручни екипи, заврши во текот на вчерашниот ден и во фазата на синхронизација на електроенергетската мрежа беше детектирано повторно напукнување на цевка во котелскиот сегмент, по што овој капацитет во моментов е надвор од функција.  Се очекува повторно да биде оперативен во најкус можен рок, односно за најдоцна за 72 часа. Вработените во АД ЕЛЕМ и во РЕК Битола во период на екстремно ниски температури прават натчовечки напори за справување со предизвиците“, соопштува ЕЛЕМ.

    Од компанијата додаваат дека снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата и  помалите компании  се одвива редовно и во согласност со нивните потреби. Сите расположливи капацитети на ЕЛЕМ се ставени во погон, но и покрај тоа се купуваат дополнителни количини струја  на слободниот пазар. Од ЕЛЕМ објаснуваат дека тоа се должи на зголемената потрошувачка која е за 30 проценти поголема од пред пет години во услови кога  надворешната температура е за осум степени пониска во однос на десетгодишниот просек.

    „Дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија  се обезбедуваат на слободниот пазар. Во текот на вчерашниот ден е извршена набавка на 3.600 мегаватчаса електрична енергија. Набавката што ја изврши АД ЕЛЕМ за период од 18 часот вчера заклучно со 18 часот денес е по просечна цена од 101,43  евра за мегаватчас и е поевтина во однос енергијата што се продаваше на берзите во регионот“, соопштуваат од ЕЛЕМ.

    Увоз на струја имаше и за Божиќ, кога СДСМ обвини дека се купува струја по цена за 36 проценти повисока од вообичаената, односно за 59,3 евра за мегават час. Тогаш директорт на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски демантираше тврдејќи дека цената е за 35 проценти пониска од просечната. За периодот од вчера до денес пак, компанијата потврди дека набавена е струја по цена од 101,43 евра за мегаватчас, но тврдат дека нема да се одрази врз џепот на граѓаните.

    „Во текот на вчерашниот ден, на берзата во Унгарија мегаватчас електрична енергија во периоди на зголемена потрошувачка се продаваше за 126,3 евра, на берзата во Бугарија чинеше 123 евра, додека на берзата во Србија за истиот период се нудеше по цена од  140,3 евра за мегаватчас. Набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство зашто негативните финансиски импликации се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, минатата година“, пишува во соопштението.

    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира