ВОЕНИОТ РЕЗЕРВИСТ КОЈ УБИ 18 ЛУЃЕ ВО МЕЈН И НАТАМУ ВО БЕГСТВО, ЛЕТОСКА СЕ ЛЕКУВАЛ ПОРАДИ МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИ

    ВОЕНИОТ РЕЗЕРВИСТ КОЈ УБИ 18 ЛУЃЕ ВО МЕЈН И НАТАМУ ВО БЕГСТВО, ЛЕТОСКА СЕ ЛЕКУВАЛ ПОРАДИ МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИРоберт Кард прво упаднал во кугларница, а потоа пукал во еден ресторан (Фото: Гети)

    Полицијата на Мејн продолжува да трага по воениот резервист кој уби најмалку 18 и рани 13 луѓе во синоќешното пукање во градот Луистон. Потрагата по 40-годишниот Роберт Кард е проширена на целиот јужен дел на оваа американска сојузна држава.

    Државните училишта во округот се затворени, а на жителите на Луистон и на соседните градови Лизбон и Баудојн, каде што живее Кард, им е советувано да не излегуваат надвор.

    Ова е мрачен ден за Мејн. Роберт Кард се смета за опасен и вооружен и полицијата советува да не му се приближувате во никакви околности“, изјави гувернерката на Мејн, Џенет Милс.

    Државната полиција пронајде бело теренско возило, со кое, како што верува, Кард се одвезол до Лизбон, оддалечен 11 километри од Луистон.

    Кард е инструктор за оружје обучуван во воената база во Сако, Мејн. Тој летоска две недели престојувал во установа за ментално здравје откако се пожалил дека слуша гласови и има други психички проблеми и се заканил дека ќе пука во базата. Од американската војска кажаа дека Кард никогаш не учествувал во борбени дејства откако бил регрутиран во 2002.

    Тој прво упаднал во кугларница, каде што убил една жена и шестмина мажи, а потоа пукал во еден ресторан, убивајќи осуммина мажи на самото место. Тројца од ранетите им подлегнале на повредите во болница.

    Луистон има 38.000 жители и е вториот по големина град во Мејн. Оваа држава има лабави закони за оружје, кое може да се купи без да се поседува дозвола.

    Пукањето во Мејн е 36. масовно убиство во САД оваа година, во кои се убиени 188 луѓе, не вклучувајќи ги напаѓачите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира