САД НАПАДНАА ЦЕЛИ ВО СИРИЈА ПОВРЗАНИ СО ИРАН

    САД НАПАДНАА ЦЕЛИ ВО СИРИЈА ПОВРЗАНИ СО ИРАНСпоред Пентагон, во изминатите денови во напади со дронови и проектили на воени бази во Сирија и Ирак бил повреден 21 припадник на американските сили (Фото: АП)

    САД објавија дека нападнале две локации во источна Сирија, тврдејќи дека биле користени од Иран и групи поврзани со него.

    Прецизните одбранбени удари беа изведени за да се заштити американскиот персонал во Ирак и Сирија и беа одговор на неодамнешните напади на групи поддржани од Иран. Таквите напади против американските сили се неприфатливи. Иран сака да ја сокрие и негира својата улога во тие напади, но нема да му дозволиме“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

    Тој додаде дека овие американски напади, изведени со борбени авиони „Ф-16“, се одвоени и различни од актуелниот конфликт помеѓу Израел и Хамас.

    Израел не беше координиран, ни известен однапред за нападите“, изјави Остин.

    Официјални лица кажаа дека биле погодени складишта на оружје и муниција што ги користат иранските сили. Засега е нејасно дали има човечки жртви.

    Според Пентагон, во изминатите денови во напади со дронови и проектили на воени бази во Сирија и Ирак бил повреден 21 припадник на американските сили.

    САД и коалициските сили беа нападнати најмалку 12 пати во Ирак и четири пати во Сирија откако почна конфликтот помеѓу Израел и Хамас“, кажа Пентагон.

    САД имаат околу 900 војници стационирани во Сирија и 2.500 во Ирак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира