ПОЧИНА ЛИ КЕЧИЈАНГ, БИВШИОТ ПРЕМИЕР НА КИНА КОЈ БЕШЕ ИЗОЛИРАН ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШЈИ

    ПОЧИНА ЛИ КЕЧИЈАНГ, БИВШИОТ ПРЕМИЕР НА КИНА КОЈ БЕШЕ ИЗОЛИРАН ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШЈИЛи своевремено важеше за фаворит за иден лидер на Кина (Фото: Гети)

    Поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг почина од срцев удар на 68 години. Тој своевремено се сметаше за фаворит за иден лидер на Кина, но беше надминат од сегашниот претседател Шји Џинпинг.

    Иако ја држеше втората највисока функција во земјата, во изминатите години Ли беше доста изолиран меѓу највисокото раководство на Кина. Тој беше единствениот актуелен висок функционер кој не припаѓаше на групата лојалисти на Шји.

    Веста за смртта на Ли, кој се повлече од функцијата во март годинава, беше минимизирана во државните медиуми, а и партијата не даде официјална евалуација за неговата кариера.

    Школуван економист, Ли важеше за една од најпаметните политички личности на својата генерација. Надвор од Кина беше најпознат по „индексот на Ли Кечијанг“, термин осмислен од списанието „Економист“, со кој неформално се мереше кинескиот економски напредок.

    Ли беше најмладиот провинциски гувернер во Кина и подоцна стана член на највисокото тело на Комунистичката партија, Постојаниот комитет на Политбирото, каде што остана до оставката во март, како последен кадар на администрацијата на поранешниот претседател Ху Џинтао.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира