Глобалната организација за следење на перење пари Работна група за финансиска акција (ФАТФ) ја додаде Бугарија на својата „сива листа“ на земја подложени на зголемен надзор, според најновиот извештај на организацијата.
Земјите на оваа „сива листа“ имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да спречат перење на пари и финансирање на тероризам, но соработуваат со ФАТФ да ги решат проблемите. Бугарија им се приклучи на 22 други земји на листата, додека Албанија е една од земјите кои се тргнати од листата.
Повеќе од 200 земји и јурисдикции се обврзаа да ги имплементираат препораките на ФАТФ, која што редовно прави проверки на нивните напори во борба против перењето пари и финансирањето тероризам.
ФАТФ, исто така, има и „црна листа“ на земји кои што се сметаат за високоризични, како Северна Кореја и Иран.