НОРВЕЖАНКАТА МОВИНКЕЛ Е ПРВАТА СКИЈАЧКА ШТО Е ДИСКВАЛИФИКУВАНА СПОРЕД НОВОТО ПРАВИЛО КОЕ ЗАБРАНУВА ФЛУОРИРАН ВОСОК ЗА СКИИТЕ

    НОРВЕЖАНКАТА МОВИНКЕЛ Е ПРВАТА СКИЈАЧКА ШТО Е ДИСКВАЛИФИКУВАНА СПОРЕД НОВОТО ПРАВИЛО КОЕ ЗАБРАНУВА ФЛУОРИРАН ВОСОК ЗА СКИИТЕРагнхилд Мовинкел беше дисквалификувана по тестот по првата трка во која беше шеста. (Фото. АП)

    Норвежанката Рагнхилд Мовинкел вчера со солзи замина од целната рамнина на отварањето на сезоната за женскиот Светски куп, откако стана првата скијачка што е дисквалификувана поради забранет вид восок на скиите. Мовинкел, двократна освојувачка на олимписки сребрен медал од Игрите во Пјонгчанг 2018, го заврши првиот дел од велеслаломот на шестото место пред нејзините скии да паднат на задолжителниот тест по возењето извршен од официјалните лица на Меѓународната федерација за скијање и сноуборд (ФИС), кои ја елиминираа од натпреварувањето. Правилото кое важи оваа сезона забранува употреба на флуориран восок при подготовка на скии пред трката.

    Во трката во Силден, Австрија победи Лара Гут-Бехрами од Швајцарија, додека Микаела Шифрин се пласираше на шестото место.

    ФИС ја забрани супстанцијата на своите натпревари по долгогодишна дебата за потенцијалната штета што флуорираниот восок може да ја предизвика врз здравјето и животната средина.

    „Мораме да откриеме што се случило. Не се обидуваме да мамиме, бидејќи тоа е најлошото нешто за мене“, изјави Мовинкел за норвешката телевизија ТВ2.

    Питер Гердол, директор на женската трка на ФИС, рече дека сите скии биле тестирани за забранетата супстанција по двете трки.

    „Ова беа единствените скии што покажаа доста висока вредност, многу повеќе од минималниот праг, така што жирито немаше друга опција освен да го дисквалификува спортистот“, рече Гердол.

    Одлуката го покира добавувачот на опремата на Мовинкел, „Хед“.

    „Се случи најлошиот случај. Немаме апсолутно никакво објаснување“, рече директорот на „Хед“ Рајнер Салцгебер.

    Салцгебер рече дека скијачкиот техничар на Мовинкел со претставници на ФИС пред два дена ги тестираше нејзините скии „со иста подготовка“ и дека „сè беше зелено. Сега е темно црвено“.

    Флуорираниот восок со децении го користат скијачките техничари, не само во алпското, туку и во крос-кантри скијањето. Се смета дека ги прави скиите побрзи бидејќи создава слој што ја отфрла влагата и нечистотијата. Како резултат на тоа, се намалува триењето помеѓу дното на скијата и снежната површина, што овозможува зголемување на брзината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира