ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТРЕНЕРОТ ФАБИО ГРОСО ОТКАКО АВТОБУСОТ НА ЛИОН БЕШЕ КАМЕНУВАН ВО МАРСЕЈ

    ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТРЕНЕРОТ ФАБИО ГРОСО ОТКАКО АВТОБУСОТ НА ЛИОН БЕШЕ КАМЕНУВАН ВО МАРСЕЈМечот од првата француска лига беше одложен поради нападот на автобусот на гостинскиот тим (Фото: АФП)

    Фудбалскиот клуб Лион предупреди дека би можела да се случи уште посериозна трагедија ако не се преземат мерки откако тренерот Фабио Гросо беше тешко повреден во напад на клупскиот автобус во Марсеј. Мечот од првата француска лига беше одложен откако автобусот на гостинскиот тим беше каменуван додека се движел кон стадионот „Велодром“.

    Гросо и помошниот тренер Рафаеле Лонго беа погодени со проектили и имаат повреди на лицето“, соопшти Лион.

    Шест автобуси со навивачите на Лион исто така беа нападнати пред почетокот на натпреварот.

    Неколкумина поединци насилно го нападнаа клупскиот автобус, при што беа скршени прозорци. Жалиме што вакви ситуации се случуваат во Марсеј секоја година. Ги повикуваме властите да ја земат предвид сериозноста на ваквите инциденти, пред да се случи уште поголема трагедија“, кажаа од Лион.

    Снимките на социјалните мрежи го покажуваат Гросо, светскиот првак со Италија од 2006, како раскрвавен лежи на носилка. Од клубот кажаа дека Гросо и Лонго биле директно погодени во лицето.

    Марсеј ги осуди нападите како целосно неприфатливи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира