ВУЧИЌ РАСПИША ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА НА 17 ДЕКЕМВРИ

    ВУЧИЌ РАСПИША ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА НА 17 ДЕКЕМВРИПокрај парламентарните, истовремено ќе се одржат и локални избори во Белград и во уште 64 општини (Фото: Нова.рс)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори во земјата на 17 декември.

    „На предлог на владата од 30 октомври донесувам указ за распуштање на Народното собрание, избрано на 3 април 2022. Истовремено донесувам указ за распишување избори на 17 декември“, кажа Вучиќ на прес-конференција.

    Тој им посака среќни избори на граѓаните на Србија и истакна дека живееме во тешки времиња за цел свет, додека самата Србија се наоѓа под големи притисоци.

    Итно распишување вонредни парламентарни избори и нивно одржување до крајот на годината беше едно од барањата на опозициските партии кои ги организираат протестите „Србија против насилство“.

    Покрај парламентарните, истовремено ќе се одржат и локални избори во Белград и во уште 64 општини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира