ГОСТИВАРЕЦ БЕЗ ЛИЦЕНЦА РЕЕМИТУВАЛ ТВ КАНАЛИ, ИМАЛ 2.800 ПРЕТПЛАТНИЦИ И ИМ НАПЛАЌАЛ 100 ЕВРА

    ГОСТИВАРЕЦ БЕЗ ЛИЦЕНЦА РЕЕМИТУВАЛ ТВ КАНАЛИ, ИМАЛ 2.800 ПРЕТПЛАТНИЦИ И ИМ НАПЛАЌАЛ 100 ЕВРАВо деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони. (Фото: СДК.МК)

    Тетовската полиција уапсила гостиварец кој без дозвола реемитувал телевизиска програма. За програмата која ја реемитувал без дозвола од корисниците наплатувал по 100 евра годишно.

    „Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот на улица Гоце Делчев во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е. Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2.800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно. Во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Според СВР Тетово, гостиварецот бил задржан во полициската станица Гостивар, по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира