СУДОТ ВО СТРАЗБУР ОДЛУЧИ ДЕКА ЈАНАКИЕСКИ НЕПРАВЕДНО БИЛ ПРИТВОРЕН, ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ПЛАТИ 6.100 ЕВРА ОТШТЕТА

    СУДОТ ВО СТРАЗБУР ОДЛУЧИ ДЕКА ЈАНАКИЕСКИ НЕПРАВЕДНО БИЛ ПРИТВОРЕН, ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ПЛАТИ 6.100 ЕВРА ОТШТЕТАНа поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права. (Фото: СДК.МК)

    Европскиот суд за човекови права и слободи денеска ја објави пресудата во случајот на Миле Јанакиески против Македонија во врска со притворот за случаите „Организација на 27 април“  од февруари 2019 година и „Шпански скали“ од јуни истата година и во неа стои дека на поранешниот министер за транспорт и врски му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

    „Случајот се однесува на два сета на кривични постапки против господинот Јанакиески, првиот за терористичко загрозување на уставниот поредок, и вториот за злоупотреба на службената положба, за време на кои му биле нарушена слободата со одлуки на домашните судови. Потпирајќи се на Членот 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, господинот Јанакиески поднесе жалба за наводни незаконитост и произволност, недостаток на релевантни и доволни причини и недостаток на брзо право на жалба на неговото лишување од слобода’, се вели во соопштението од Судот во Стразбур.

    Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески. Од таа сума, 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира