29 И 30 НОЕМВРИ ЌЕ БИДАТ НЕРАБОТНИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ САМИТОТ НА ОБСЕ

    29 И 30 НОЕМВРИ ЌЕ БИДАТ НЕРАБОТНИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ САМИТОТ НА ОБСЕМинистерскиот состанок на ОБСЕ се одржува на 30 ноември и 1 декември во Скопје во салата „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, а треба да дојдат сите министри за надворешни работи од Европа, како и државниот секретар на САД Ентони Блинкен. (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница одлучи 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ.

    Одлуката не се однесува на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје, кои што е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, додаваат од Владата.

    Исто така, Владата одлучи претходниот ден (29 ноември, среда) работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје да заврши во 12 часот.

    Од Владата го препорачуваат истото и за приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општина Карпош и на општините кои гравитираат кон салата „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, каде што ќе се одржува министерскиот состанок на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември.

    На самитот на ОБСЕ треба да дојдат сите министри за надворешни работи од Европа, како и државниот секретар на САД Ентони Блинкен. Македонија годинава е претседавач со ОБСЕ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира