ГОЛЕМИТЕ ФИРМИ ГИ ПОВЛЕКУВААТ РЕКЛАМИТЕ ОД ИКС ПОРАДИ НАПЛИВОТ НА АНТИСЕМИТИЗМОТ, МАСК НАЈАВИ „ТЕРМОНУКЛЕАРНА ТУЖБА“

    ГОЛЕМИТЕ ФИРМИ ГИ ПОВЛЕКУВААТ РЕКЛАМИТЕ ОД ИКС ПОРАДИ НАПЛИВОТ НА АНТИСЕМИТИЗМОТ, МАСК НАЈАВИ „ТЕРМОНУКЛЕАРНА ТУЖБА“Маск самиот ги подгреа тензиите откако објави антисемитска теорија на заговор (Фото: Гети)

    Компании како „Епл“, „Дизни“ и „Ај-Би-Ем“ објавија дека прекинуваат со рекламирањето на социјалната мрежа Икс поради напливот на антисемитизмот на оваа платформа. Ова следува откако сопственикот на Икс, Илон Маск, самиот ги подгреа тензиите со антисемитска теорија на заговор.

    Огласувачите велат дека не сакаат нивните реклами да се појавуваат покрај пронацистички содржини и говор на омраза.

    Маск тврди дека неговиот пост не бил антисемитски и најави дека ќе поднесе „термонуклеарна“ тужба против левичарската активистичка група „Медија метрс“ (Media Matters), која открила дека рекламите на големи фирми биле објавувани покрај цитати на Хитлер, величење на нацистите и негирања на Холокаустот.

    Ќе поднесам термонуклеарна тужба против ‘Медија метрс“ истата секунда кога судовите ќе отворат в понеделник. Извештајот на групата погрешно го претставил вистинското корисничко искуство на Икс, со цел да ја поткопа слободата на говорот и да ги доведе огласувачите во заблуда“, изјави Маск.

    Тој беше жестоко критикуван откако во средата сподели антисемитска теорија на заговор, нарекувајќи ја вистинска вистина. Неговата објава беше критикувана и од Белата куќа.

    Нејасно е колку приходи на Икс сега доаѓаат од рекламите, бидејќи е приватна компанија и веќе не објавува квартални извештаи. Пред Маск да ја преземе фирмата, рекламите сочинувале 90% од приходите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира