ОГРОМНАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК УСПЕШНО ЛАНСИРАНА ОД ВТОР ОБИД, НО ПОТОА ИСЧЕЗНА ВО ВСЕЛЕНАТА

    ОГРОМНАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК УСПЕШНО ЛАНСИРАНА ОД ВТОР ОБИД, НО ПОТОА ИСЧЕЗНА ВО ВСЕЛЕНАТАПо само осум минути лет во вселената, беше соопштено дека е изгубен контактот со ракетата (Фото: АП)

    Огромната ракета на „СпејсЕкс“ успешно беше лансирана од полигонот во јужен Тексас, седум месеци откако првиот обид заврши со експлозија по само неколку минути лет, но потоа исчезна во вселената. Првиот проблем се појави кога бустерот експлодираше веднаш по остварувањето на клучниот маневар на одвојување, а потоа беше изгубен контактот со самата ракета.

    Висока 121 метар, „Старшип“ е најголемата и најмоќна ракета развиена досега и со неа во иднина треба да се превезуваат луѓето до Месечината и подалеку. Целта на денешниот тест беше вселенското летало да се оддели од бустерот и да се испрати во вселената на 90-минутен лет, по што требаше да падне покрај брегот на Хаваи.

    По само осум минути лет во вселената, од компанијата соопштија дека го изгубиле контактот.

    Ги изгубивме податоците од втората фаза, мислам дека сме ја изгубиле втората фаза“, кажа домаќинот на преносот на лансирањето Џон Инспракер.

    Првиот пробен лет во април траеше само четири минути, по што компанијата на Илон Маск направи десетици подобрувања на бустерот и на неговите 33 мотори.

    Маск му честиташе на тимот за денешното лансирање.

    Со вакви тестови, успехот ќе дојде од она што сме го научиле, а денешниот тест ќе ни помогне да ја подобриме сигурноста на ракетата“, кажа Маск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира