РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО ДРОНОВИ ВТОРА НОЌ ПО РЕД, ДРОН СОБОРЕН И НАД МОСКВА

    РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО ДРОНОВИ ВТОРА НОЌ ПО РЕД, ДРОН СОБОРЕН И НАД МОСКВАЗеленски предупреди дека Русија ќе се обиде да изведува уште поголеми и помоќни напади во наредниот зимски период (Фото: Гети)

    Русија го нападна Киев со дронови втора ноќ по ред, објавија градските власти. Шефот на воената управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека противвоздушната одбрана соборила десетина дронови над Киев и неговата периферија, при што немало значајни штети, ниту жртви.

    При вчерашниот напад, Украина кажа дека соборила 29 од лансираните 38 дронови од иранско производство. Тоа беше најголемиот напад на Киев во изминатите шест недели и претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија ќе се обиде да изведува уште поголеми и помоќни напади во наредниот зимски период.

    Русија веројатно создава залихи на проектили за зимски напади на украинската инфраструктура“, кажа Зеленски.

    По нападот во петокот, без струја останале повеќе од 400 градови и села низ Украина.

    Во исто време, и Русија објави дека соборила дрон кој се движел кон Москва. Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека дронот бил пресретнат над североисточната периферија на Москва, при што немало штети и жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира