ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ОРГАНИЗИРА НАГРАДНА ИГРА ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА НОВАТА ВЕБ-СТРАНИЦА ЗА ИГРИ НА СРЕЌА MEGAWIN.MK

    ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ОРГАНИЗИРА НАГРАДНА ИГРА ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА НОВАТА ВЕБ-СТРАНИЦА ЗА ИГРИ НА СРЕЌА MEGAWIN.MKМаја Гроздановска-Панчева е меѓу пејачите кои ќе настапат на концертот на 30 ноември.

    Во чест на отворањето на www.megawin.mk, Државна лотарија организира наградна игра за сите учесници кои ќе се регистрираат на овој сајт заклучно со 29 ноември. Страницата ќе биде официјално отворена за игра на 30 ноември, што ќе се одбележи на концертот „Мегастарс“, што ќе се одржи тој ден во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Концертот ќе го водат Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а пејат Искра Трпева, „Пис брадерс“, „Ластовица“, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Атанасовска, Ламбе Алабаковски, „Нови дечки“, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Александар Ристовски-Принц.

    Страницата ќе биде официјално отворена за игра на 30 ноември, што ќе се одбележи на концертот „Мегастарс“, што ќе се одржи тој ден во салата „Јане Сандански“ во Скопје. (Фото: Државна лотарија)

    По успехот на првата платформа за онлајн учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, www.loto.mk, тимот на компанијата ја постави новата страница www.megawin.mk преку која Државна лотарија самостојно и одговорно ќе приредува интернет игри на среќа. Со www.megawin.mk, љубителите на спортско обложување и видеолотариски игри ќе добијат нова забавна платформа за онлајн учество во забавни игри со атрактивни добивки, чести награди и уште почести подароци“, велат од Државна лотарија.

    Секој кој ќе се регистрира на страницата до 29 ноември добива подарок, станува учесник во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ и има можност да добие влезница за концертот „Мегастарс“. Вкупниот фонд на награди и подароци изнесува 12.000.000 денари. Најатрактивните награди се десет гејминг лаптопи „леново“, десет смартфони „ајфон 14 про“, пет луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил „БМВ“.

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира