НИТУ ЕДЕН КРИМИНАЛЕЦ НЕ Е ПОСИЛЕН ОД ДРЖАВАТА, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ПО ВЧЕРАШНАТА АКЦИЈА ЗА АПСЕЊЕ ЧЛЕНОВИ НА НАРКОМАФИЈАТА ВО СТРУШКО

    НИТУ ЕДЕН КРИМИНАЛЕЦ НЕ Е ПОСИЛЕН ОД ДРЖАВАТА, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ПО ВЧЕРАШНАТА АКЦИЈА ЗА АПСЕЊЕ ЧЛЕНОВИ НА НАРКОМАФИЈАТА ВО СТРУШКОСпасовски рече дека при апсењата и оперативните мерки на терен немало спротивставување од уапсените. (Фото: СДК.МК)

    Ниту еден криминалец не може да биде посилен од државата. Државата сме сите ние и не може криминалците да надвладеат над огромното мнозинство на граѓани кои се чесни, одговорни и кои ја посакуваат безбедна Македонија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по вчерашната голема полициска акција во Охридско-Струшкиот Регион во која беа уапсени 20 луѓе за продажба на кокаин, хашиш, марихуана, пиштоли и извршување насилство. Дрогата ја купувале од Албанија, членовите на групата повеќе месеци биле следени од безбедносните органи и од Обвинителството за организиран криминал.

    „За таа неселективна и некомпромисна борба против дрогата, говори вчерашната акција во Струга во која 23 криминалци од Струга, еден од Охрид и еден албански државјанин, преку криминалистички истражување подолго време беа следени. Тие се предадени на надлежното обвинителство и на судот. За најголем дел одреден е притвор, по три лица се трага. Имаме индиции веќе за некои од нив каде се наоаѓаат и тие ќе бидат приведени“, рече Спасовски денеска во Битола.

    Според МВР, при апсењето во извршените претреси на 36 локации, пронајдени се и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за организиран криминал поднесе кривична пријава против 23 лица

    Спасовски рече дека при апсењата и оперативните мерки на терен немало спротивставување од уапсените.

    „Спротивставување на може да има и не смее да има. Специјалните единици на МВР се елитни единици, столбот на државата и тие нема да доволат ниту во еден момент да се загрози јавниот ред и мир и безбедноста од било кој“, додаде Спасовски.

    Според МВР, од јануари до ноември 2023, групата неовластено продавала и пуштала во промет кокаин, хашиш и марихуана и за таа цел ја купувале од Албанија, ја држеле во сигурни куќи, ја пренесувале и продавале преку три развиени мрежи дури и во угостителски објекти во Струга.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира