ОД ПРВИ ДЕКЕМВРИ ПОЧНУВА ЕВТИНА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОД 13 ДО 15 ЧАСОТ

    ОД ПРВИ ДЕКЕМВРИ ПОЧНУВА ЕВТИНА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОД 13 ДО 15 ЧАСОТОд 1 декември, домаќинствата ќе имаат ниска тарифа за струја од 13 часот до 15 часот и од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела. (Фото: СДК.МК)

    Евтината дневна тарифа на струјата стартува од 1 декември во периодот од 13 часот до 15 часот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од 1 декември, домаќинствата ќе имаат ниска тарифа за струја од 13 часот до 15 часот и од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела.

    „Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа. Податоците укажуваат дека инвестицискиот циклусот во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената преку ден“, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

    Подзаконските акти што ги донесе РКЕ утврдуваат и нови рокови според кои енергетските компании од следната година ќе треба да ги достават своите барања најдоцна до 30 септември, а одлуките за новите тарифи ќе бидат соопштени најдоцна до 30 ноември и ќе бидат на сила од следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира