ПОЛИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА СО ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО СКОПЈЕ

    ПОЛИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА СО ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО СКОПЈЕВчера на Фејсбук, мајката напиша дека девојчето излегло од дома во 7.20 за на училиште и оттогаш и се губи секаква трага. - Од фејсбук профилот на мајката

    Потрагата по девојчето кое исчезна вчера во Скопје продолжува интензивно, велат од полицијата. Мајката на 14-годишната В. Ѓ. вчера во 8.35 часот пријавила во полицијата дека девојчето исчезнало, по што започна потрагата.

    Во текот на денов, МВР го објави девојчето со фотографија и опис  во регистарот на исчезнати лица. Според дадениот опис, таа е со висина 175 см, тежина 58 кг, темнокафеава коса , кафеави очи, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена е во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка „ајфон“.

    МВР повикува информациите да се пријавуваат на 192 или на 112.

    Вчера на Фејсбук, мајката напиша дека девојчето излегло од дома во 7.20 за на училиште и оттогаш и се губи секаква трага.

    „Облечена е во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики ’најк’ со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон ‘Песталоци’“, вели мајката.

    Од полицијата синоќа соопштија дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на 14-годишната В. Ѓ. и повикаа да не се шират дезинформации, додавајќи дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.

    „За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн“, се вели во синоќешното соопштение од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира