СЛОВЕНИЈА ЌЕ ИМ ВРАТИ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ КОИ БЕА КАЗНЕТИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ

    СЛОВЕНИЈА ЌЕ ИМ ВРАТИ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ КОИ БЕА КАЗНЕТИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕМлад доставувач на храна беше казнет со 400 евра откако полицијата го фати како јаде бурек пред црква (Фото: социјални мрежи)

    Словенија ќе ги обесштети сите свои граѓани кои беа казнети за време на пандемијата поради непочитувањето на ковид мерките. Тоа беше едно од предизборните ветувања на сегашниот премиер Роберт Голоб и законот за враќање на парите стапува на сила оваа недела.

    За период од повеќе од две години, полицијата напишала казни во вкупна вредност од шест милиони евра, откако владата на Јанез Јанша воведе строги ограничувања во слободите и движењето на граѓаните. Во еден период, Словенците не смееја да патуваат надвор од својата локална област, а ноќе на сила беше полициски час.

    Еден од симболите на ова време стана млад доставувач на храна, кого полицијата го казни со 400 евра откако го фати како јаде бурек на скалите од црква за време на првото целосно затворање на земјата.

    Уставниот суд подоцна ги укина сите строги мерки, но Словенците долго време чекаа властите да ги поништат сите изречени казни.

    Уредбите што ги користеа за казнувањето не беа законски засновани. Владата го знаеше тоа и знае дека сега мора да ни ги врати парите“, изјави екологистот Рок Розман, кој повеќепати беше казнет за учество на протестите против ковид мерките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира