БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ И УКРАИНА ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ АКО ДОЈДЕ ЛАВРОВ

    БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ И УКРАИНА ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ АКО ДОЈДЕ ЛАВРОВЛавров изјави дека ќе дојде на самитот на ОБСЕ ако Бугарија го отвори својот воздушен простор за неговиот авион (Фото: СДК.МК)

    Украина и балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија кажаа дека ќе го бојкотираат претстојниот самит на ОБСЕ во Скопје ако на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му биде дозволено да присуствува.

    Крисјанис Каринс, Габриелиус Ландсбергис и Маргус Цкна, министрите за надворешни работи на Летонија, Литванија и Естонија, во својата заедничка изјава кажаа дека „присуството на Лавров ризикува да го легитимизира агресорот Русија како полноправна членка на нашата заедница на слободни нации и да ги банализира страшните руски злосторства извршени во Украина“.

    Русија ќе ја искористи оваа можност за да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на западот. Додека во Скопје се одржува самитот на ОБСЕ, руската воена машина ќе продолжи да напаѓа невини Украинци и да депортира деца. Не можеме да седиме на иста маса со агресорот и да сносиме одговорност за последиците што може да ги донесе присуството на Лавров. Местото на Лавров му е во специјален суд, а не на маса со нас“, кажаа министрите.

    Лавров вчера изјави дека ќе дојде на самитот на ОБСЕ ако Бугарија го отвори својот воздушен простор за неговиот авион. Подоцна Бугарија потврди дека ќе дозволи прелет на неговиот авион.

    Во одделна изјава, и Украина најави дека нема да учествува на самитот, што ќе се одржува на 30 ноември и 1 декември, обвинувајќи ја Русија дека создава егзистенцијална криза во ОБСЕ.

    Русија и Белорусија го блокираат обидот на Естонија да стане претседавач на ОБСЕ во 2024, сметајќи дека тоа не би требала да биде членка на НАТО. Како неутрално решение тие ја предлагаат Малта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира