СОПРУГАТА НА ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ ОТРУЕНА СО ТЕШКИ МЕТАЛИ

    СОПРУГАТА НА ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ ОТРУЕНА СО ТЕШКИ МЕТАЛИМаријана Буданова била префрлена во болница откако подолго време не се чувствувала добро

    Сопругата на шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов се наоѓа во болница под сомнение дека била отруена со тешки метали. Неколку украински медиуми објавија дека Маријана Буданова се разболела, додавајќи дека нејзиниот сопруг исто така можеби бил мета.

    Генералот Буданов, кој раководи со Главниот директорат за разузнавање на Украина, имаше главна улога во планирањето, а понекогаш и во спроведувањето на големи воени акции против руските сили.

    Весникот „Украинска правда“ објави дека се отруени и неколкумина разузнавачи, без да се наведе дали Русија можеби стои зад ова.

    Сајтот „Бабел“, кој прв извести за труењето, напиша дека Буданова била префрлена во болница откако подолго време не се чувствувала добро. Таа сега е на лекување во Украина и ќе биде следена од лекарите.

    Не е познато какви тешки метали биле употребени за труењето, но еден неименуван функционер изјави дека не станува збор за супстанци кои се користат во секојдневниот живот или во воени операции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира