На француските министри им е наредено да се откажат од Вотсап и да го заменат со домашна алтернатива, додека земјата се труди да постигне технолошка независност.
Премиерката Елизабет Борн им рекла на министрите и на другите функционери да се префрлат на Олвид, за која кажа дека е побезбедна од другите апликации за праќање пораки, како Вотсап и Сигнал.
„Главните апликации за брзи пораки играат сѐ поважна улога во нашата секојдневна комуникација. Сепак, овие дигитални алатки не се без безбедносни недостатоци и затоа не можат да ја гарантираат безбедноста на разговорите и информациите споделени преку нив. Интегрирањето на ова решение претставува не само знак на свесност во поглед на сајбербезбедноста, туку и чекор напред кон поголем француски технолошки суверенитет“, објави кабинетот на Борн.
Француските политичари долго време изразуваа загриженост поради преголемото потпирање на американската технологија. Затоа државата вложи средства во креирањето на францускиот интернет пребарувач Кваеро и се залагаше за сопствен развој на полупроводници и вештачка интелигенција.
Еден од успешните домашни технолошки производи е Олвид, за кој се тврди дека нуди повисоко ниво на безбедност од ривалите.