Лице познато на француските власти како радикален исламист избоде до смрт германски турист и повреди две други лица во централен Париз во саботата вечер, пред да биде уапсен.
Нападот со нож и чекан се случи близу Ајфеловата кула за време на фреквентна саботна вечер во период кога земјата се наоѓа на нависоко ниво на тревога за напади поради нараснатите тензии во врска со војната меѓу Израел и Хамас.
„Нема да се предадеме пред тероризмот“, напиша премиерката Елисабет Борн на социјалните мрежи по нападот.
Напаѓачот им е познат на властите како радикален исламист и бил третиран за ментална болест, вели министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека извикал „Алах Акбар“ пред да биде уапсен.
Според министерот, напаѓачот веќе бил осуден на четири години затвор во 2016 година за планирање друг терористички напад, кој не го реализирал.
Напаѓачот, кој живее со неговите родители близу Париз, ѝ кажал на полицијата дека не може да поднесе што „муслимани се убиваат во Авганистан и Палестина“.