Утрово во основото училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопската општина Центар отворена е книга на жалост за убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска.
Како што вчера најави градоначалникот Горан Герасимовски училиштето во соработка со повеќе психолози ќе обезбеди поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат трагичниот настан.
Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, Вања била киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа во паника била убиена со пиштол.