ВАШИНГТОН ВЕЛИ ДЕКА МУ СНЕМУВААТ ПАРИ ЗА ПОМОШ НА УКРАИНА

    ВАШИНГТОН ВЕЛИ ДЕКА МУ СНЕМУВААТ ПАРИ ЗА ПОМОШ НА УКРАИНАОд почетокот на војната во Украина, САД ѝ имаат дадено помош од 111 милијарди долари (Фото: Рекс)

    Директорката на буџетот на Белата куќа, Шаланда Јанг, ги предупреди лидерите на Конгресот дека на САД им снемуваат пари и време за да ја помагаат Украина во војната против Русија.

    Администрацијата на Џо Бајден во октомври побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари за финансирање на Украина, Израел и на американската гранична безбедност. Во Претставничкиот дом, каде што републиканците имаат мало мнозинство, се појави противење на американското финансирање на Украина.

    Во писмото објавено од Белата куќа, Јанг предупреди дека ако се прекинат испораките на оружје за Украина, тоа ќе ги зголеми шансите за победа на Русија.

    Без акција на Конгресот, до крајот на годината ќе останеме без средства за обезбедување уште оружје и опрема за Украина. Не постои магичен сад со средства достапен во овој момент. Немаме пари, а речиси ни време“, напиша Јанг.

    Од почетокот на војната во Украина, САД ѝ имаат дадено помош од 111 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира