БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ РАЗМИСЛУВААТ ДА ЈА ЗАТВОРАТ ГРАНИЦАТА ЗАШТО РУСИЈА САКА ДА НАПРАВИ МИГРАНТСКА КРИЗА

    БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ РАЗМИСЛУВААТ ДА ЈА ЗАТВОРАТ ГРАНИЦАТА ЗАШТО РУСИЈА САКА ДА НАПРАВИ МИГРАНТСКА КРИЗАФинска минатата недела ги затвори сите гранични премини кон Русија на две недели (Фото: Гети)

    По Финска, и балтичките земји размислуваат да ја затворат својата граница со Русија додека се зголемува бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на источната граница на Европската Унија. Тие ја обвинуваат Русија дека злоупотребува очајни луѓе за да предизвика нова мигрантска криза во Европа.

    Летонија, Литванија и Естонија изразија загриженост откако Финска минатата недела ги затвори сите гранични премини кон Русија на две недели поради напливот на мигранти од Африка и Азија.

    Моментално, не размислуваме да ја затвориме границата со Русија и Белорусија во целост, но го следиме развојот на ситуацијата со илегалните мигранти. Ако ситуацијата драстично се промени и стане закана за безбедноста на нашата земја, не е исклучено целосно да ја затвориме нашата источна граница“, соопшти министерството за надворешни работи на Летонија.

    И Естонија кажа дека се подготвува за можен наплив на мигранти кои преку Русија се обидуваат да влезат во ЕУ и како одговор на тоа, би можела да ја затвори границата.

    Финска, Естонија и Летонија се единствените членки на ЕУ кои делат копнена граница со Русија и иако се приклучија кон европските санкции по почетокот на војната во Украина, тие продолжија да дејствуваат како сообраќајница за трговија и патување. Литванија, која граничи со Русија преку енклавата Калининград, објави дека будно ја следи ситуацијата, додавајќи дека ќе реагира ако биде потребно.

    Русија ги отфрла обвинувањата дека ги користи мигрантите како алатка за создавање притисок во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира