МАСОВЕН УКРАИНСКИ НАПАД НА КРИМ, РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА БИЛЕ ЛАНСИРАНИ 41 ДРОН

    МАСОВЕН УКРАИНСКИ НАПАД НА КРИМ, РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА БИЛЕ ЛАНСИРАНИ 41 ДРОНПоради масовниот напад привремено бил затворен кримскиот мост (Фото: МНА)

    Руската противвоздушна одбрана уништила или пресретнала 41 украински дрон кои биле лансирани во текот на ноќта, објави министерството за одбрана на Русија.

    Дваесет и шест дронови биле уништени над руската територија, а 15 биле пресретнати над Азовското Море и над полуостровот Крим, соопшти министерството на својот канал на Телеграм. Руските функционери кажаа дека поради масовниот напад привремено бил затворен кримскиот мост.

    Нема информации дали во нападот биле предизвикани штети или жртви.

    Кримскиот мост беше нападнат во повеќе наврати од почетокот на руската инвазија на Украина, чиј претседател Зеленски изјави дека мостот е легитимна цел и треба да биде неутрализиран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира