„ТАЈМ“ ЈА ПРОГЛАСИ ТЕЈЛОР СВИФТ ЗА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА

    „ТАЈМ“ ЈА ПРОГЛАСИ ТЕЈЛОР СВИФТ ЗА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТАСвифт урива рекорди со турнејата „Ери“ (Фото: Гети)

    Магазинот „Тајм“ ја прогласи поп-ѕвездата Тејлор Свифт за Личност на годината во својот традиционален избор. Свифт, чија турнеја „Ери“ урива рекорди, изјави за магазинот дека никогаш не се чувствувала погордо и посреќно.

    Оваа награда се доделува на личност или настан со најголемото влијание во светот во изминатата година.

    Свифт истовремено призна дека досега одржаните 180 концерти на турнејата ја оставиле физички исцрпена.

    По серија концерти не излегувам од кревет освен за да јадам. Едвај можам да зборам и одам зашто често имам три концерти едноподруго“, кажа Свифт.

    Уредникот на „Тајм“, Сем Џејкобс, кажа дека Свифт е ретка личност која истовремено е писател и херој во својата приказна.

    Во потесниот избор за признанието беа и Владимир Путин, Шји Џинпинг, филмскиот хит „Барби“ и штрајкот на холивуските актери и сценаристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира