РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ВО СЕНАТОТ ГО БЛОКИРАА ЗАКОНОТ ЗА ПОМОШ НА УКРАИНА

    РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ВО СЕНАТОТ ГО БЛОКИРАА ЗАКОНОТ ЗА ПОМОШ НА УКРАИНААдминистрацијата на Џо Бајден вршеше голем притисок да се донесе овој закон (Фото: АП)

    Републиканците во американскиот Сенат го блокираа законот за помош на Украина откако за возврат не ги добија бараните компромиси за граничната безбедност. Пакетот од над 110 милијарди долари вклучува 61 милијарда за Украина, како и фондови за Израел, Газа и Тајван.

    Републиканците инсистираат секоја помош за Украина да биде врзана за брзи реформи на имиграцијата и азилот. Белата куќа предупреди дека американските фондови за Украина наскоро би можеле да бидат празни поради што администрацијата на Џо Бајден вршеше притисок да се донесе овој закон.

    Сенаторите гласаа 51-49 против законот, за кој беа потребни 60 гласови. Ова ја зголеми неизвесноста околу идната воена помош за Украина, зашто законодавците сега мора да се вратат на преговарачката маса во услови кога остануваат само неколку дена до почетокот на зимската пауза во Конгресот.

    Сите републикански сенатори гласаа против, заедно со независниот сенатор Берни Сандерс, кој ден претходно изрази резервираност за законот.

    Пред гласањето, Бајден кажа дека е подготвен на значајни компромиси за граничната безбедност со цел да се донесе законот.

    Ова не може да чека. Републиканците во Конгресот се спремни да му го дадат најголемиот подарок на Путин на кој тој се надеваше“, изјави Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира