ПУТИН ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ ДО 2030

    ПУТИН ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ ДО 2030Путин си обезбеди уште два мандата со уставните измени од 2020 (Фото: АП)

    Владимир Путин конечно потврди дека ќе се кандидира за петтиот претседателски мандат на изборите што ќе се одржат од 15 до 17 февруари. Тој ги објави своите намери на церемонија на доделување медали на учесниците во војната во Украина.

    Времињата се такви што мора да донесам одлука. Ќе се кандидирам повторно“, изјави Путин.

    Во услови кога опозиција во Русија речиси и не постои, а медиумите се под целосна контрола на Кремљ, повторниот избор на Путин е неминовен.

    Седумдесет и едногодишниот Путин е руски лидер со најдолг стаж од Сталин, кој 29 години владееше со Советскиот Сојуз, а со новиот мандат ќе остане на власт до 2030. Тој си обезбеди уште два мандата со уставните измени од 2020.

    По објавата на Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека очекува огромна бројка Руси да гласаат за него.

    Путин ќе биде реизбран следната година со повеќе од 90% гласови“, кажа Песков.

    Бившиот пратеник Борис Надеждин и новинарката и адвокатка Екатерина Дунцова претходно објавија дека ќе се кандидираат на изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира