НОВ ИТАЛИЈАНСКИ ВОЗ НЕ МОЖЕ ДА ПАТУВА ЗА ШВАЈЦАРИЈА ОТИ НЕ ГО СОБИРА ВО ТУНЕЛОТ

    НОВ ИТАЛИЈАНСКИ ВОЗ НЕ МОЖЕ ДА ПАТУВА ЗА ШВАЈЦАРИЈА ОТИ НЕ ГО СОБИРА ВО ТУНЕЛОТВо иднина, возот ќе оди до Комо, а патувањето до Швајцарија ќе продолжува со друг воз (Фото: Кориере дела сера)

    Нов воз на италијанските железници кој патувал кон Швајцарција морал принудно да застане во Комо бидејќи не можел да влезе во тунелот и да го продолжи патот низ Алпите. Од железничката компанија на Ломбардија „Тренорд“ кажаа дека проблемот не е во тоа дали возот е превисок, туку тунелот е премногу низок.

    Нема ништо смешно или изненадувачки во тоа што новиот ултрамодерен воз ‘Караваџо‘ е преголем за да помине низ тунелот што ги поврзува Комо и Кјасо. Тој беше нарачан првенствено за регионалниот, приградски превоз низ Ломбардија. Значи, не е проблем во возот, туку тунелот ‘Кјасо‘ е несоодветен за потребите на големата железничка мобилност на територијата на Ломбардија. Оваа линија секој ден ја користат 30.000 патници, а инфраструктурата е престара“, соопшти „Тренорд“.

    Оттаму додаваат дека засега нема планови за прилагодување на тунелот, поради што во иднина, новиот двокатен воз ќе застанува во Комо, а патувањето до Швајцарија ќе продолжува со друг тип на воз во сопственост на истата компанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира