Граѓаните на Европската унија не се многу расположени за проширување на унијата со нови членки, посебно за земјите од Западен Балкан, покажа ново истражување на јавното мислење во шест земји членки.
Според истражувањето на тинк-тенкот Европски совет за надворешни работи, Украина има најголема поддршка да стане членка на ЕУ, и тоа 37 отсто и таа е единствената земја од кандидатите за членство со поддршка над 30 отсто.
Истражувањето покажа дека 26 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија треба да ѝ се приклучи на ЕУ, 27 отсто сметаат дека не треба, 25 отсто не знаат, а 23 отсто се индиферентни.
Најмала поддршка има за Турција (19%) и за Косово (20%).
Анкетата е спроведена од 7-14 ноември во Австрија, Данска, Франција, Германија, Полска и Романија, на вкупно 6.153 испитаници.