Ненад Георгиевски и Мијалче-Мишко Иванов се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Наградата за публицистиката ја доби музичкиот новинар и публицист Ненад Георгиевски, а за новинарство Мишко Иванов, автор на ТВ емисијата „Патот до успехот“.
Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е Зоран Бојаровски.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието.