Армиски хеликоптер денеска принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре во Петровец, но нема оштетувања на леталото ниту повредени во посадата, соопшти Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ).
Од Армијата велат дека принудното слетување било околу 14,30 часот откако, при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, имало сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работата на моторот.
„По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на дефектот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана“, соопшти Армијата.