Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) за првпат ќе има свој градоначалник. Ова следува откако кандидатот на оваа партија Тим Лохнер победи на локалните избори во Пирна, град во сојузната покраина Саксонија, освојувајќи 38,5% гласови во вториот круг на гласањето.
Лохнер е независен политичар, но одлучи да настапи на изборите под грбот на АфД. Тој освои една третина од гласовите во првиот круг и потоа успеа да добие уште поголема поддршка.
Социјалдемократите и Зелените отпаднаа уште во првиот круг, за потоа да ја поддржат кандидатката на Демохристијанската унија, која на крајот заврши на второто место.
Сместен 30 километри од Дрезден, Пирна има околу 40.000 жители. Победата на Лохнер следува само неколку дена откако разузнавачката агенција на Саксонија ја прогласи АфД за екстремистичка партија.