ШТИПСКИОТ ОРДЕН „СВЕТИ НИКОЛА“ ПОСТХУМНО ЗА ПОЕТОТ АЦО ШОПОВ НА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО

    ШТИПСКИОТ ОРДЕН „СВЕТИ НИКОЛА“ ПОСТХУМНО ЗА ПОЕТОТ АЦО ШОПОВ НА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТОАцо Шопов со сопругата Светлана во Дакар, Сенегал во 1975. (Фото: Фејсбук)

    Македонскиот поет Ацо Шопов, револуционер, амбасадор и академик, роден на 20 декември пред 100 години во Штип, постхумно годинава го добива орденот „Свети Никола“ од Општина Штип. Шопов е основоположник на современата македонска поезија.

    Неговата прва збирка „Песни“, напишана при крајот на Втората светска војна во која и тој бил дел од ослободителното движење, е првата книга објавена на македонски јазикк во слободна Македонија. Имал повеќе високи општествени функции во голем број научни, книжевни и други институции и бил член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 .

    По повод патрониот дена на градот, Општина Штип доделува и признанија „19 Декември“ на истакнати граѓани од Штип кои исто така дале придонес во развојот на градот. Добитници се проф. Зоранчо Малинов, заслужен за прогласување на штипскиот обичај „Чет’рсе“ на Исарот за нематеријално културно богатство од УНЕСКО, Марио Ванчовски, надарен и наградуван ученик од гимназијата „Славчо Стојменски“, учениците Лина и Драган Костадинови, брат и сестра кои со песна го афирмираат Штип, и на Ротари клубот од Штип.

    Орденот за Ацо Шопов ќе го прими ќерка му Јасмина, а со признанијата ќе се врачат на Свечената академија вечерва во 19 часот во Соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира