Aмериканскиот државен секретар на заминување, Џон Кери беше во посета на делтата на Меконг, каде што тој бил нападнат од заседа за време на војната во Виетнам. Поранешниот поручник на морнарицата се запозна со 70-годишниот поранешен член на Виетконг, кој се сеќава на нападот од 1969. Двајцата топло се ракуваа.
Кери, кој е во посета на Виетнам како дел од своето последно патување пред да ја напушти функцијата, освои медал за храброст за неговите дела во виетнамската војна, но откако се врати стана антивоен активист.
Кери му рече на поранешниот непријател Во Бан Там дека му е мило што и двајцата се живи. Там, сега рибар, рече дека го познавал човекот кого Кери го застрелал и го убил и дека се сеќава на планот за напад кога за прв пат го виделе патролниот брод на САД. Единицата на Виетконг имала лансер на ракети и пукака на американските војници, обидувајќи се да ги насочи кон својот дофат. Меѓутоа, Кери направи храбар потег скокајќи на брегот за да ги следи неговите напаѓачи, и смртно го застрела операторот на лансерот на ракети.
Кери, тогаш 26-годишен, беше заслужен за спас на екипажот и му беше доделена наградата Сребрената ѕвезда за храброст на САД.
Там кажа дека операторот се викал Ба Тан и дека имал 24 години.
„Беше добар војник“, му рече на Кери, зборувајќи преку преведувач. Кери никогаш не го знаел името или возраста на човекот кого го застрелал. Кога се кандидираше за претседател во 2004, Кери се соочи со критичари кои тврдеа дека убил тинејџер.
Еден помошник на Кери изјави за „Вашингтон пост“ дека поранешниот член на армијата го пребарувал Гугл мапс за местото на заседата. Во четвртокот, тој се разбудил среде ноќ во својот хотел во Ханој и викнал еден стар поранешен член на екипажот за да се присети на настаните.
Кери вели дека враќањето на местот било чудно и малку надреално. Државниот секретар го посетува Виетнам како првата станица на своето последно патување во странство, пред да отстапи од функцијата кога ќе започне мандатот на администрацијата на Трамп следната недела. Ова е негова четвртата посета на Виетнам како врвен дипломат на Вашингтон. Работејќи под претседателот Барак Обама, ветеранот е познат по неговиот посебен интерес во подобрувањето на односите меѓу САД и Виетнам.
Кери беше одликуван и со други признанија за неговата служба во Виетнам, меѓу кои и три Виолетови срца затоа што бил повреден во акција, но тој станал истакнат антивоен активист по враќањето во САД во 1969.
“Тоа што највеќе ме импресионира е идејата дека навистина треба да се анализира и да се разбере она што се крие под слоганите”, изјави вчера Кери.