НАЈМАЛКУ 118 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО СЕВЕРОЗАПАДНА КИНА, СПАСУВАЊЕТО ОТЕЖНАТО ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    НАЈМАЛКУ 118 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО СЕВЕРОЗАПАДНА КИНА, СПАСУВАЊЕТО ОТЕЖНАТО ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИВластите брзо реагираа откако земјотресот уништи патишта и инфраструктура и предизвика свлечишта (Фото: АП)

    Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала погоди зафрлен планински регион во северозападна Кина, при што загинаа најмалку 118 луѓе, а стотици се повредени.

    Властите брзо реагираа откако земјотресот уништи патишта и инфраструктура, предизвика свлечишта и до половина затрупа едно село, но спасувањето е отежнато поради ниските температури, оти во поголемиот дел од Кина има силен студен бран. Кинеските медиуми објавија дека 20 луѓе се водат како исчезнати во едно свлечиште.

    Епицентарот бил пет километри од границата меѓу провинциите Гансу и Шјингхаи, каде што исто така се почувствувани силни тресења. Досега е потврдено дека во Гансу загинале 105 луѓе, како и најмалку 13 во соседната провинција.

    Земјотресите се вообичаени во западните провинции на Кина. Најсмртоносниот земјотрес во Кина во изминатите децении се случи во 2008 кај Сичуан, кога загинаа речиси 70.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира