Тетовец отворил импровизирана тезга среде градскиот плоштад и продавал петарди и други пиротехнички средства. Тоа не поминало незабележано од тетовската полиција која го привела во полициската станица, а петардите и другата пиротехника биле запленети.
„Полициски службеници на СВР Тетово на градскиот плоштад во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот тетовец Ф. А. затоа што кај него му биле пронајдени и одземени над 3.010 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетуваат граѓаните дека набавувањето, продавањето и активирањето пиротехнички средства е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот законик и дека со парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе се санкционираат и сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети, факелијади или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива, како и оние кои со огнено оружје пукаат на свадбени или други семејни свечености.
З. АНДОНОВ