Чешката полиција објави дека има убиени и ранети во пукање во центарот на Прага. Инцидентот се случил на Факултетот за уметности сместен на плоштадот Јан Палах.
Властите кажаа дека плоштадот и околната област се затворени.
„Напаѓачот е елиминиран. Целата зграда е евакуирана. Има неколкумина мртви и десетици повредени“, објави полицијата на социјалната мрежа Икс.