ТИМОТ НА ФИЛИПЧЕ ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ ОПЕРАЦИЈА НА МОЗОК СО СВЕСЕН ПАЦИЕНТ

    ТИМОТ НА ФИЛИПЧЕ ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ ОПЕРАЦИЈА НА МОЗОК СО СВЕСЕН ПАЦИЕНТ„Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се чувствува добро“, вели Филипче. (Фото: Венко Филипче)

    За првпат во Македонија е направена операција на мозок со свесен пациент (awake brain surgery), објави неврохирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче.

    „Операцијата ја изведовме кај млада пациентка која имаше тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога. Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата“, вели Филипче.

    Како што вели Филипче, за да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот, а бидејќи мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, самиот тек на операцијата е безболен.

    „Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се чувствува добро“, вели Филипче.

    Во операцијата учествуваше тим анестезиолози, предводен од д-р Весна Дурнев, а Филипче му се заблагодари и на колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград.

    „Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала“, кажа Филипче.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира