ЦУК ДОБИВА НОВА НАДЛЕЖНОСТ ДА ВРШИ ПОТРАГА И СПАСУВАЊЕ ПРИ АВИОНСКИ НЕСРЕЌИ, А АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПО ЕВРО ОД ПАТНИК, СО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ

    ЦУК ДОБИВА НОВА НАДЛЕЖНОСТ ДА ВРШИ ПОТРАГА И СПАСУВАЊЕ ПРИ АВИОНСКИ НЕСРЕЌИ, А АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПО ЕВРО ОД ПАТНИК, СО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИОрганизацијата и координацијата на потрагата и спасување во случај на авионска несреќа во цивилното воздухопловство ќе биде во надлежност на ЦУК - Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов (Фото: ЦУК)

    Стојанче Ангелов, односно Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја презема ингеренцијата за потрага и спасување при авионски несреќи место Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВП), како досега.

    Организацијата и координацијата на потрагата и спасување во случај на авионска несреќа во цивилното воздухопловство ќе биде во надлежност на ЦУК во рок од две години од стапување во сила на законски измените.

    Во второ читање или пред конечно гласање се измените на Законот за воздухопловство.

    Следна новина е што се менува начинот на финансирање на АЦВП. Покрај досегашните начини, ќе зема и евро од картата на секој патник во заминување, што според сегашната бројка на патници што заминуваат од двата аеродрома во земјата, е просечно околу два милиона евра годишно.

    Друга новина е што во случај на воена, вонредна или кризна состојба, ако АЦВП не може да се финансира во тековната година, средствата ќе треба да им ги обезбеди државата, односно граѓаните. За ова забелешка имало и Министерството за финансии, од каде сметаат дека Агенцијата се самофинансира од свои извори и со дел од средствата од авиопрелети над нашето небо кое е на сите граѓани и оти не треба да се финансира од Буџетот. Но, Владата одлучила да остане оваа одредба.

    Законот не повлекува обврска за обезбедување дополнителни финансиски средства за неговото спроведување и материјални обврски за одделни субјекти, стои во предлого.

    Спроведувањето на овој закон ќе има фискални влијанија врз Агенцијата за цивилно воздухопловство, односно намалување на нејзините приходи поради бришење на правната основа за ресертификација на давателот на услуги на воздухопловна навигација (М-НАВ), бришење на правната основа за ресертификација на воздухопловните пристаништа, бришење на правната основа за сертификација на операторите кои вршат специјализирани услуги со воздухоплов и превоз за сопствени потреби (СОЗР, ДЗС и приватните оператори на воздухоплови), бришење на изворот за финансирање на АЦВ од 2% од надоместокот за користење на полетно-слетната патека и патеките за возење, односно за полетување, слетување и осветлување, како и поради префрлање на надлежноста за потрага и спасување и финансиските средства од EUROCONTROL за таа намена од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Центарот за управување со кризи.

    „Ова намалување на изворите за финансирање на Агенцијата се предвидува да се компензира со финансирање од надоместок по патник во заминување и со тоа ќе се воспостави модел на финанасисрање на Агенцијата кој ќе биде во согласност со ЕУ Регулативата 1794/2006, Директивата 2009/12, стандардите на EUROCONTROL, како и препораките кои произлегоа од проектот ISIS кој беше финансиран од страна на Европската Комисија“, стои во материјалот кој се наоѓа пред пратениците.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира