Најмалку триесет и седум луѓе загинаа кога турски карго авион се урна во населба во близината на главниот град на Киргостан, Бишкек, објавија руските државни медиуми повикувајќи се на киргистанското министерство за итни ситуации.
Се претпоставува дека авионот од типот „боинг 747“ ја утнал пистата, изјавило официјално лице цитирано од руската новинска агенција ТАСС.
Авионот уништил 15 куќи во приградската населба во близина на аеродромот. Повеќето од жртвите се жители кои во тоа време спиеле. Меѓу нив најмалку шест се деца.
Авионот на турската карго компанија АЦТ летал од Хонг Конг до Бишкек.