АМЕРИКАНСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ УНИШТИЛЕ ТРИ БРОТЧИЊА НА ЈЕМЕНСКИТЕ БУНТОВНИЦИ КОИ НАПАЃАЛЕ БРОД

    АМЕРИКАНСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ УНИШТИЛЕ ТРИ БРОТЧИЊА НА ЈЕМЕНСКИТЕ БУНТОВНИЦИ КОИ НАПАЃАЛЕ БРОДХутските бунтовници напаѓаат бродови на Црвеното Море од минатиот месец како одмазда за војната во Газа (Фото: АФП)

    Американската морнарица уништила три бротчиња на хутските бунтовници кои сакале да се качат на комерцијален брод на Црвеното Море. Четири пловила на Хутите пукале кон бродот „Мерск Хангжу“ и му се доближиле на само 20-ина метри, соопшти американската морнарица.

    Хеликоптери од американските воени бродови во околината одговориле на повик за помош и откако било пукано кон нив, во самоодбрана потопиле три бротчиња. Нивните посади се убиени, а четвртото пловило успеало да избега“, кажаа од морнарицата.

    Хутските бунтовници, кои се поддржани од Иран, напаѓаат бродови на Црвеното Море од минатиот месец како одмазда за војната во Газа. Тие објавија дека нивна мета ќе бидат сите бродови кои се поврзани со Израел.

    Мерск Хангжу“ е регистриран во Сингапур и е во сопственост на данската фирма „Мерск“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира