И ПУИГ ПОЧНА ДА НАПЛАЌА ПАРКИРАЊЕ ОКОЛУ СТАДИОНОТ ВО СКОПЈЕ, ЕДЕН ЧАС Е 50 ДЕНАРИ

    И ПУИГ ПОЧНА ДА НАПЛАЌА ПАРКИРАЊЕ ОКОЛУ СТАДИОНОТ ВО СКОПЈЕ, ЕДЕН ЧАС Е 50 ДЕНАРИСега во Градски парк околу стадион нема бесплатен паркинг. (Фото: Фејсбук)

    АД за стопанисување со станбен и деловен простор почна со наплата на паркирањето околу стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Од пред една недела со рампи е заграден просторот околу стадионот кој досега беше слободен за паркирање.

    Според ценовникот, еден час паркирање чини 50 денари, а има 260 паркинг места. Се издаваат и месечни паркинг карти, кои за физички лица чинат 2.500, а за правни 3.000 денари.

    На улицата околу стадионот наплата за паркирање врши и ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Во септември, на улицата се воведе еднонасочен режим на сообраќај и беа обележани паркинг места. Еден час паркирање чини 50 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира