НЕ СЕ КОРИСТИ ВОЗИЛОТО ЗА ТРАНСПОРТ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ШТО ОПШТИНА БИТОЛА ГО НАБАВИ ПРЕД ТРИ ГОДИНИ

    НЕ СЕ КОРИСТИ ВОЗИЛОТО ЗА ТРАНСПОРТ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ШТО ОПШТИНА БИТОЛА ГО НАБАВИ ПРЕД ТРИ ГОДИНИВозило чинеше над 1,3 милиони денари, набавено преку програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). (Фото: СДК.МК)

    Не се користи специјализираното возило за лица со попречености кое Општина Битола го набави пред скоро три години, за да им го олесни транспортот. Советникот Борче Корлевски на последната седница на општинскиот Совет побара возилото во најкус период да се стави во функција, зашто им е неопходно на граѓаните со инвалидност.

    „Да се стави во функција возилото за лица со попречености. Го имаме во Општината, не знам што треба да се направи – регистрација или возач, но мора да се стави во функција. Доколку не може Општината да го стори тоа, тогаш да им даде на здруженијата зашто им треба на лицата со попречености. Да се најде начин, може да се потпише меморандум, тие ќе го одржуваат. Возилото така стои, а е набавено од 2021 година, а сега така стои и не е во функција. Ако не се употребува сега, потоа ќе биде беспотребно“, рече Корлевски кој пред советниците преложи амандман за ставање на минибусот во употреба.

    Според претставничката на Општина Битола Благица Талевска, Комисијата за финансии и буџет заклучила дека  Јавното меѓуопштинско претпријатие „Пелалинк“ треба да го стави во фунција возилото, и дека ќе се види можноста да предлогот биде ставен како измена во соодветената програма за 2024 година. По ова, советниците едногласно изгласаа амандамнот да биде разгледан на следната седеница на Совет.

    Возилото беше набавено за време на претходната градоначалничка Наташа Петровска во 2021. Преку проектот Зајакнување на општинските совети, по реализираните четири форумски сесии со граѓаните, како еден од најприоритетните проекти беше изгласана набавката за возило прилагодено на лица со попречености. Возило чинеше над 1,3 милиони денари, набавено преку програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Со него лицата со попречености во 2021 ја посетија Хераклеја, некои од нив за првпат беа во античкиот град.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира