СУПЕР ИСЧИСТИВМЕ СО ЛУЃЕ ПРЕД ПЕНЗИЈА И ВОЗИЛА ПРЕД РЕМОНТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУПЕР ИСЧИСТИВМЕ СО ЛУЃЕ ПРЕД ПЕНЗИЈА И ВОЗИЛА ПРЕД РЕМОНТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“

    „Главните патни правци беа исчистени и сѐ уште се чистат. Работиме во екстремни услови, и ниту еден патен правец не беше затворен за сообраќај, освен за тешки товарни возила. Дури и пунктот на Стража, кој е на надморска височина од 1.200 метри постојано е прооден.Тие што критикуваат дека не сме чистеле не со во право. Не може да очекувате црни коловози, во услови кога пак врне снег. Дури и на минусни температури работевме“, вели Гајур Кадриу, директор на Јавното претпријатие “Македонија пат“, по критиките дека не работеле како треба ниту претпријатието, ниту трите приватни фирми со кои склучило договор како подизведувачи, па во првите денови од снежните врнежи дел од патиштата останаа завеани и непроодни.

    Тој вели дека е задоволен од работата на трите фирми подизведувачи, со кои ЈП“Македонија пат“има склучено договор вреден 1,5 милиони евра за чистење на патишта во сезоната 2016/2017. Според овој договор, Друштво за транспорт, трговија и услуги НБ-ТРАНС СОМПАНУ ДОО Тетово е ангажирано за над милион евра, Друштво за производство, трговија и услуги ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз с. Долно Строгомиште Зајас за 113.000 евра, а Друштво за превоз, производство, трговија и услуги ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Демир Хисар за 323.000 евра.

    Во тек е тендер на „Македонија пат“ вреден 1,1 милион евра за набавка на сопствена опрема за чистење на снег. Тендерот е објавен на 9 ноември, а понудите требало да се отворат на 19 декември.

    Кадриу вели дека нема ништо спорно што ангажирале подизведувачи, бидејќи на тој принцип “Македонија пат“ работела уште во време на поранешна Југославија, само тогаш биле ангажирани државни фирми кои имале механизација.

    „Со механизација чија просечна старост е 27 години, одлично ја завршивме работата. Ако ви кажам дека еден така стар камион два дена не го исклучивме, а возачот со старост од 60 години беше 12 часа зад волан, ќе ви стане јасно дека бевме на терен и работевме во екстремни услови“, вели Кадриу

    „Со механизација чија просечна старост е 27 години, одлично ја завршивме работата. Ако ви кажам дека еден така стар камион два дена не го исклучивме, а возачот со старост од 60 години беше 12 часа зад волан, ќе ви стане јасно дека бевме на терен и работевме во екстремни услови“, вели Кадриу

    “И подизведувачите и нашите вработени беа и сѐ уште се на ниво на задачата. Ние сами и да сакаме не можеме секаде да стигнеме. А и со механизација чија просечна старост е 27 години, одлично ја завршивме работата. Имајте на ум дека ножевите не го фаќаат снегот до еден сантиметар, може само да го туркаат. Ако пред пет години имавме 1.680 вработени, сега имаме 870 и повеќето се на возраст над 55 години. Ако ви кажам дека еден така стар камион два дена не го исклучивме, а возачот со старост од 60 години беше 12 часа зад волан, ќе ви стане јасно дека бевме на терен и работевме во екстремни услови“, вели Кадриу. Тој тврди дека парите за ангажман на подизведувачите, кои се избрани на меѓународен тендер, се исплаќаат по завршена работа, а не однапред.

    „Ако не ја завршат работата нема да им платиме, јасно си стои во договорот за што ги ангажираме. А 20 отсто од сумата е предвидена да учествуваат во расчистување, лавини, свлечишта и одрони на патиштата. Ако нема такви случаи, нема да ги повикаме и тој дел од парите нема да им ги исплатиме“, вели Кадриу. За време на Божиќните празници, кога почнаа снежните врнежи, Автомото сојузот на Македонија јави дека патните правци кон Источна Македонија се затворени за сообраќај. Автопатот од Велес до Скопје, според оваа информација беше непрооден, а сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвиваше по една коловозна лента. Во прекин беше и сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Јажинце поради обилни врнежи од снег. Беше затворен и магистралниот пат Штип – Кочани. Автопатот кај Куманово исто така беше нерасчистен, иако сообраќајот се одвиваше во една коловозна лента.

    Кадриу вели дека дел од застоите што настанале првите неколку дена на патиштата, било поради сообраќајните несреќи, а не поради неисчистениот снег. На забелешката дека сообраќајните несреќи настанале токму поради неичистениот снег, тој вели дека тоа не е точно.

    “Сообраќајката на патот Велес-Скопје ја предизвика шлепер, кој се преврте бидејќи бил со летни гуми, а патот беше исчистен“, вели Кадриу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира