ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ НА ПЕТМИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КИДНАПИРАЊАТА И УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ

    ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ НА ПЕТМИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КИДНАПИРАЊАТА И УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕТаткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. (Фото: Принтскрин од видео)

    Основниот кривичен суд го продолжи притворот на петмина осомничени за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Тројца од нив (В.М., В.К. и Б.В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С.Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој се наоѓа во екстрадиционен затвор во Турција, откако на 5 декември беше уапсен од турската полиција како се движи пешки по автопат во Беликесир.

    „Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена. Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на првоосомничениот кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Р .Турција“, соопштија од Основниот кривичен суд.

    На таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и уште тројцата осомничени поврзани со грабнувањето и убиствата на Вања и на Жежовски, им беше одреден 30-дневен притвор на 6 декември. Претходно, им беше одредуван притвор од 48 часа.

    Ѓорчевска и Жежовски беа пронајдени мртви на 3 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира