Полицијата го фатила осомничениот убиец на 39 луѓе во ноќниот клуб за време на новогодишната прослава во Истанбул, јавија турските медиуми.
Приватната агенција Доган и други медиуми објавија дека осомничениот е фатен во полициска операција во истанбулската населба Есенјурт, доцна попладнето во понеделник.
Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде Исис.