ПЕТ ЗЛАТНИ ГЛОБУСИ ЗА „ОПЕНХАЈМЕР“ НА НОЛАН, „КУТРИТЕ“ НА ЛАНТИМОС ГО ПОБЕДИ „БАРБИ“ НА ГЕРВИГ

    ПЕТ ЗЛАТНИ ГЛОБУСИ ЗА „ОПЕНХАЈМЕР“ НА НОЛАН, „КУТРИТЕ“ НА ЛАНТИМОС ГО ПОБЕДИ „БАРБИ“ НА ГЕРВИГ„Опенхајмер“ освои пет награди, меѓу кои и најдобар филм-драма. (Фото: АП)

    „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доминираше на 81. Златен глобус, освојувајќи пет награди, меѓу кои и најдобар филм-драма, а „Кутрите“ на Јоргос Лантимос го победи „Барби“ на Грета Гервиг во категоријата најдобра комедија или мјузикл. „Опенхајмер“ освои и Глобус за најдобар режисер за Нолан, најдобар драмски актер за Килијан Марфи, најдобра споредена машка улога за Роберт Дауни Џуниор и за музика на Лудвиг Горансон.

    „Кутрите“ на Јоргос Лантимос е најдобра комедија или мјузикл. (Фото: АП)

    Ема Стоун победи за најдобра актерка во комедија за „Кутрите“, а Лили Гледстон е најдобра актерка во драма за „Убијците на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе.

    Лили Гледстон е првата домородна актерка што освоила Златен глобус, и го започна говорот зборувајќи на јазикот на нејзиното родно племе Блекфит. (Фото: Гети)

    Гледстон е првата домородна актерка што освоила Златен глобус, и го започна говорот зборувајќи на јазикот на нејзиното родно племе Блекфит.

    „Ова е историска победа“, рече Гладстон. „Таа не ми припаѓа само мене“.

    „Барби“ на Гервиг со Марго Роби освои само 2 споредни награди. (Фото: АП)

    Пол Џамати е најдобар актер, а Да’Вајн Џој Рендолф најдобра во споредна улога за „Останатите“ на Александер Пејн во категоријата комедија.

    Иако имаше 8 номинации, „Барби“, најголемиот хит годинава со заработка од над 1,4 милијарди долари на кино-благајните, освои само 2, за најдобрата песна за Били Ајлиш за „За што сум создаден?“, и новата награда на Глобусите за синематско и достигнување на кино-благајните.

    Француската режисерка Жастин Трие и сопругот Артур Харари победија за најдобро сценарио за „Анатомија на падот“, кој освои и за најдобар странски филм.

    Француската режисерка Жастин Трие и сопругот Артур Харари победија за најдобро сценарио за „Анатомија на падот“, кој освои и за најдобар странски филм. (Фото: АП)

    Легендарниот јапонски аниматор Хајао Мијазаки на свои 82 години го освои првиот Златен глобус за најдобар анимиран филм, за „Момчето и жеравот“, што е првпат јапонски односно неанглсики филм да добие Златен глобус.

    Иако Глобусите немаат директна корелација со Оскарите, тие можат да ги зајакнат кампањите во клучен момент. Гласањето за номинација за Оскар започнува в четврток, а иако „Опенхамер“ и „Барби“ остануваат фаворити, сепак, се наѕираат и други претенденти, како „Кутрите“ и „Останатите“.

    Кај Глобусите за ТВ-серии, најголем победник е „Следоред“ со 4 награди, меѓу кои и за најдобра драмска серија, најдобри актер и актерка за Киеран Калкин и за Сара Снук и најдобра споредна улога за Метју Мекфајден. Најдобра комична серија е „Мечката“, а нејзините Џереми Ален Вајт и Ајо Едебири победија за најдобри актери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира